Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денес на прес - конференција ги соопшти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за десетина општини кои ќе се борат за градоначалнички места.

Марјан Ристески, актуелниот градоначалник на Прилеп, влегува во нова трка по четврти мандат, додека поранешниот Министер за транспорт и врски и Државен секретар во истото министерство ќе му се спротивстави на Александар Наумовски во скопската општина Ѓорче Петров.

Во Брвеница, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Стојан Тодоровски, во Демир Капија Трајче Димитриев, во Новаци изборот падна на актуелниот градоначалник Лазар Котевски, Дафина Стојановска за Гостивар, пратеникот Горан Манојловски ќе ја бие градоначалничката битка во Тетово додека во Радовиш и Вевчани се предложени актуелните градоначалници, Сашко Николов и Цветимир Угриновски.