Максим Димитривески, актуелен пратеник и поранешен претседател на Советот на Куманово е изборот на СДСМ за номинација за кандидат за градоначалник.

Тој својата кандидатура ја објави на социјалната мрежа Фејсбук:

„Почитувани,

Благодарам на укажаната чест од страна на колегите од СДСМ, Претседателот Зоран Заев и граѓаните за номинацијата за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Куманово.

– Ќе ја оправдам укажаната доверба, да победи единството и заедништвото, преточено во визија за достоинствено Куманово и просперитетна Република Македонија.

Одиме во ПОБЕДА за сите граѓани!“ - напиша Димитриевски.