Министерството за внатрешни работи е подготвено за локалните избори. Се подготвуваме максимално да овозможиме да имаме мирен фер и демократски изборен процес и одлична безбедност, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Ние се подготвуваме максимално да овозможиме да имаме мирен, фер и демократски изборен процес и да има одлична безбедност. Меѓутоа од друга страна се подготвуваме да делуваме во рамки на спречување каква било злоупотреба на позицијата на кој било функционер во изборниот процес. Стоиме на располагање и ги остваруваме сите барања на Државната изборна комисија, рече Спасовски на прес-конференцијата.

Додаде дека сите структури во рамките на МВР оперативно веќе почнуваат да делуваат во однос на обезбедувањето на локалните избори, односно периодот до одржувањето на изборите и денот на изборниот процес.