Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на општина Центар, а за возврат ќе стане дел од извршната власт.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата 24 Отворено.
СДСМ ќе предложи свој кандидат за градоначалник чие име ќе биде познато денес. иако веќе на големо се шпекулира дека кандидат за градоначалник на Центар ќе биде Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Жерновски во повеќе наврати најавуваше дека доколку не биде кандидиран од СДСМ, на изборите ќе настапи сам со своја советничка листа.