Партиите речиси ги официјализираа своите номинации. На локалните избори самостојно ќе трчаат и 27 кандидати за градоначалници, а поднесени се и 47 советнички листи.
Вечер на полноќ истекува рокот за доставување на листите на кандидати за градоначалници и за членови на советите од политичките партии до Општинските изборни комисии.
Партиите речиси ги официјализираа своите номинации. На локалните избори самостојно ќе трчаат и 27 кандидати за градоначалници, а поднесени се и 47 советнички листи.
Денеска истекува и пет дневниот рок за евентуалните забелешки од партиите на Избирачкиот список, чиј јавен увид заврши во саботата на полноќ.
Според Државната изборна комисија, увид извршиле над 21 илјада избирачи, а по електронски пат речиси десет пати повеќе.
Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати за членови на советите и на кандидатите за градоначалници, Државната изборна комисија ќе ја одржи в понеделник.
Изборната кампања почнува на 25-ти септември.