Актуелниот пратеник Јохан Тарчуловски и официјално е предложен за кандидат за градоначалник на Кисела Вода.
Иако многумина сметаа дека Јохан Тарчуловски е жител на Бутел, сепак по неговото враќање од Хаг, тој со своето семејство се пресели во населбата Расадник во Кисела Вода со што стана и жител на оваа општина.
Денеска, на прес конференција, поранешниот премиер Емил Димитриев и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го соопшти Тарчуловски како кандидат за градоначалник на оваа скопска оштина.
Јохан ќе се бори против Филип Темелковски - Темел од редовите на СДСМ за градоначалничката фотелја.