По осум години како градоначалник на Битола, Владимир Талески нема да бара нов мандат од Битолчани.

ВМРО-ДПМНЕ за овој исклучително важен град од политички аспект го предлага актуелниот пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Како што соопштија од партијата, ,Зоран Илиоски, покрај тоа што е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, тој е дипломиран електротехнички инжинер и угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско.