ВМРО-ДПМНЕ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за најголемиот број општини во Македонија. Покрај актуелните градоначалници ова се новите имиња кои ќе трчаат за градоначалничка функција.
За Битола, Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, дипломиран електротехнички инжинер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско.
За Бутел, Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел, успешен спортист и тренер на македонската Таеквондо федерација.
За Виница, Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот, угледен и почитуван граѓанин во поширокиот регион.
За Чаир, Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија, човек со голем углед во својата професија и место на живеење.
За Струга, Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија, почитуван граѓанин во Струга и струшко.
За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие, почитуван и угледен граѓанин.
За Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
За Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид, почитуван во својата професија и помеѓу жителите на градот, како работлив и човек од збор.
За општина Маврово и Ростуша кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Алим Билали во партиските кругови важи за голем работник и теренец, а беше и поранешен претседател на Унијата на млади сили во оваа општина. Покрај тоа, Алим Билали ја доби поддршката од жителите на Маврово и Ростуше на пред минатите избори кога беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од изборната единица 6. Се очекува убедлива победа на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово и Ростуша.
За Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет, вреден и одговорен човек кој влева доверба кај гласачите.
За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев, познат стопанственик, успешен човек, кој остварил голем број успеси во приватниот сектор, кој може многу да придонесе и за развојот на Кавадарци.
За Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков народен човек кој ужива голем углед помеѓу граѓаните.
За Ранковце, Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, почитуван граѓанин и голем работник.
За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка.