ВМРО-ДПМНЕ денека на прес конференција ги соопштија поголемиот број на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Еве кои актуелни градоначалници повторно ќе бараат мандат од граѓаните.
За Штип, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, квалитетен кадар, со голем број на реализирани проекти, познат фармацевт со национално реноме, почитуван помеѓу штипјани.
За Босилово, актуелниот градоначалник, Љупчо Колев, кој покажа одлични резултати во своето работење при управувањето со општината и има реализирано голем број на проекти за доброто на граѓаните.
За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев, кој своето работење го одликува со голем број на ветени и реализирани проекти.
За Ново Село, актуелениот градоначалник, Блажо Велков, човек со големи достигнувања, и голем број на остварени проекти за Босилово.
За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов, докажан и квалитетен кадар, со огромен број на реализирани проекти за граѓаните.
За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски, човек со докажани квалитети, познат и почитуван стопанственик и голем работник.
За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, градоначалник кој во изминатиов мандат има реализирано голем број на проекти за Ресен и Ресенско, човек со углед во средината на живеење.
За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов, градоначалник со голем број на реализирани проекти, докажан пред гевгеличани со квалитетна работа.
За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски, градоначалник кој има остварено голем број на ветувања и направено голем број на проекти.
За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов, кандидат со икслучителни квалитети, докажан како градоначалник во својата работа со многу остварени проекти.
За Зрновци, актуелниот градоначалник, Блаже Станков, кој во текот на својот претходен мандат оставари голем број на проекти и инвестиции.
За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски, градоначалник со многу дела зад себе за граѓаните на Крива Паланка.
За Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски, кој оваа општина ја направи едно од најатрактивните места за живеење.
За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески кој реализираше многу проекти во интререс на граѓаните и човек кој ќе го врати Крушево на туристичката мапа.
За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник докажан со многу реализирани квалитетни проекти.
За Демир Хисар, актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски, почитуван и угледен граѓанин, кој како градоначалник има реализирано голем број на проекти.
За Јегуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески, градоначалник со голем број на остварени проекти позади себе.
За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран Минов, кој има остварено голем број на проекти.
За Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов, кој една од најмалите општини ја претвори во убаво место за живеење.
За Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски, истиот зад себе има многу реализирани проекти и инвестиции.
За Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски, кој има реализирано голем број на проекти и инвестиции.
За Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска, докажан и квалитетен кадар, која има реализирано поголем број на проекти за својата општина.