Уверен сум дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и повторно ќе ја добие довербата од граѓаните на Република Македонија во најголем број на општини, истакна во своето обраќање кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски на „Политичката академија“ организирана од страна на Конрад Аденауер.

Уверен сум дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и повторно ќе ја добие довербата од граѓаните на Република Македонија во најголем број на општини. Ние и сега сме партија која што и сега има повеќе од 90 посто на градоначалници, условно кажано во неалбанскиот дел, односно онаму каде што мнозинството не се албанци. Тоа јасно зборува дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период многу добро работеше, тоа значи дека граѓаните неслучајно ја даваат довербата на локалните избори, а тоа е благодарение на нашиот претседател г-динот Никола Груевски и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ меѓутоа и како претходен премиер на владата на Република Македонија која имаше стратегија и за државната и за локалната власт. Со тоа што имаше многу влијание и внимание на општините со голем број на проекти, со голем број на помошти кој што беа и кредити, меѓутоа беа и донации во изградба на водоводи, канализации и исто така во изградба на патишта и на сето она што им е потребно на граѓаните на Република Македонија, истакна во своето обраќање Трајановски.

Сега прв пат после 11 години настапуваме од позиција на опозиција, но тоа не треба воопшто да не загрижува, напротив треба да ни даде мотив повеќе, бидејќи сега ВМРО-ДПМНЕ најмногу зависи од нас, колку ние ќе успееме да ја добиеме довербата на граѓаните во Република Македонија, а имаме многу што да кажеме. Тука се кандидати за градоначалници кои што и претходно биле градоначалници, тоа се луѓе кој што имаат многу сработено. Тие треба да бидат што поблиски до граѓаните во овој период и да ги презентираат проектите кој што ги направиле изминатиот период, рече Трајановски.

Мора да бидеме посветени, мора да бидеме транспарентни, мора да бидеме многу амбициозни, да бидеме сигурни во себе, да создадеме тим, тим кој што ќе победува, тимот е многу важен важен за кампањава, меѓутоа уште поважен кога ќе станете градоначалници. Со добар тим победата е сигурна и со добар тим реализацијата на проектите е многу посигурна, истакна Трајановски во своето обраќање пред присутните, додаде Трајановски.