Не се одржа најавеното жребување во Државната изборна комисија. Требаше да се утврдат листите на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети за претстојните локални избори.
Пробивањето на рокот за официјализирање на кандидатурите се должи на пад на АКМИС системот во Кривичниот суд, поради што општинските пропуштија да ги пополнат апликациите, а Државната изборна комисија не можеше да ги потврди кандидатските листи бидејќи не се комплетни.
За глвнината кандидати недостасувала потврда за неосудуваност, која што ја издава Основниот суд Скопје 1.
Претпладнево проблемот е отстранет и од ДИК посочија оти од Судот добиле известување дека потврдите ќе бидат издадени веднаш.
Рокот за поднесување на кандидатските листи истече на полноќ на 14 септември, по што поминаа три, а Општинските изборни комисии имаа два дена за целосно да ја комплетираат електронската апликација, за да можат да се сумираат податоците.
Во меѓувреме, во оптек се имињата кои ќе бидат најактуелни следните 30 дена. Очекувано и според најавите најобемна понудата од најголемите ривали на македонската политичка сцена, ВМРО-ДПМНЕ со 67 и СДСМ со 65 свои градоначалнички кандидатури, а ќе поддржат и номинации надвор од своите редови. Партијата која беше убедлива пред четири години и на овие избори ќе им верува на голем дел од актуелните, околу 30 општински челници, а во преостанатите локални самоуправи ќе се обиде и со нови имиња. Меѓу нив и оние на на неколку пратеници и поранешни министри.
Со членови на македонското собрание доверба во дел од општините ќе бараат и Социјалдемократите, а најзвучните партиски имиња меѓу кои дел и државни функционери се адути и во албанскиот блок. Што се однесува до профилот на кандидатите, заедничко за сите партии е тоа што повеќе им веруваат на докторите отколку бизнисмените, а кај во длабока илегала се дамите. Шест жени од власта, четири од опозицијата успеаја да ја добијат поддршката на своите сопартијци или коалиции. Куриозитет е Левица која кандидидираше припадничка на понежниот пол во Скопје, дури и претера со дамите, па ја коригираше предложената советничка листа во општина Ѓорче Петров.
Престојните избори ќе донесат и тајни и отворено декларирани заеднички настапи. Се договорија партнерите во власта, СДСМ е без кандидати во неколку општини со мешано население, ДУИ ќе ја врати услугата во Скопје.
Токму главниот град ќе биде најголемиот мегдан, за прв човек на престолнината се поднесени 8 кандидатури. Освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за власта во Скопје ќе се борат и Левица, ТМРО, ДПА, БЕСА, Алијансата на Албанците и НДМ.
На локалните избори самостојно ќе трчаат и 25 кандидати за градоначалници, а поднесени се и 47 независни советнички листи.
На 15 октомври ќе се одржат шестите по ред локални избори во Македонија, кои во дадениот политички момент се сметаат за тест за довербата кон новата влада. Официјално, изборната кампања ќе почнува на 25 септември и ќе трае 20 дена. Вториот круг е предвидено да се одржи на 29 октомври.
Советничките листи и кандидатури за градоначалници поднесени од една политичка партија на гласачкото ливче ќе биде под ист реден број во сите општини. Ждребувањето во ДИК ќе овозможи ист редослед во сите општини, а во оние каде подносител нема да има свој претставник соодветниот број ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место. Општинските изборни комисии до 21 септември треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник.
Утре завршува и рокот од пет во кој што политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список. По извршените сите промени отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 и го потпишува до 29 септември.