На промоцијата на кампањата и програмата на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Никола Груевски ја презентираше Новата ера, она што е содржано во новата програма. Притоа тој нагласи дека новата ера започнува денеска, нова ера за Македонија. Според него токму оваа програма е иднината на Македонија, иднината на напредокот.

-За да го реализираме она што е во програмата, за да се движиме напред и да ја започнеме Новата ера прво треба да се ослободиме од помрачувањето кое ја зафати Македонија. Ослободувањето од тоа помрачување ќе започне на наредните локални избори на 15 октомври, а ќе заврши со предвремени парламентарни избори и со враќање на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија на чело на Република Македонија – додаде Груевски.