Во Центарот за култура, дебарскиот огранок на ДУИ, синоќа одржа промотивна конвенција на која беа претставени кандидатот за градоначалник и кандидатската листа за советнци за Советот на општина Дебар.
Кандидат за градоначалник од ова партија е Ружди Љата,к ој на оваа функција беше и во изминатите четири години.
Пред присутните зборуваше за постигнатите резултати во изминатиот период,со кои на Дебар му се вратил урбаниот изглед, сите населени места добиле асфалтни патишта и поплочени селски улички, реноврани се училишни објекти, а во Дебар изграден е нов современ гимназиски објект.
- Поради се она што го постигнавме во изминатите четири години со максимално ангажирање, соработка, разбирање, со чист образ ви се обраќам и го барам вашиот глас за уште еден мандат, во кој целосно ќе ги реализираме сите наши замисли со кои Дебар ќе стане европски град, порача Љата.
Пред присутните беше промовирана и кандидатската листа за 15-есет члениот општински совет, чиј носител е Фуат Спахиу ,кој вети дека со сите советнци ќе работат за доброто на општина Дебар и дебарчани.
Беше презентирана и изборната програма за наредните четири години, за, како што беше речено, европски Дебар, во кој понатаму ќе владее толеранцјата, разбрањето и хармонијата.
На промоцијата прсуствуваа вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крешник Бектеши.