Премиерот, Зоран Заев, денеска потврди дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ за градоначалници во повеќе општини.

Поддршка ќе добие и досегашниот заменик министер во образование, Висар Ганиу, кој е кандидат за градоначалник на општина Чаир.

„Стоиме зад него во Чаир, ќе го поддржиме затоа што е квалитетен кандидат. Не постојат сомневања за него. Ќе дадеме поддршка и во други општини каде што кандидатите се добри и работат во корист на граѓаните“, рече Заев.