Битола мора да биде град на среќни, безгрижни и безбедни деца со убави градинки, училишта, паркови, спортски игралишта и терени, истакна денеска кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.
Битола мора да биде град на сите – на мажите и жените подеднакво, на Македонците, Турците, Власите, Ромите, Албанците, Србите, Бошњацитe на граѓаните од градот и граѓаните од селата, на ранливите категории, на лицата со посебни потреби, на пензионерите, на спортистите, на навивачите град со еднакви шанси и грижа за сите. Но пред сите нив, Битола мора да биде град на среќни, безгрижни и безбедни деца со убави градинки, училишта, паркови, спортски игралишта и терени, изјави Илиоски.