На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае да ги води граѓаните во нова ера. На Кавадарци му требаме заедно сплотени во едно, посочи Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите сме заедно без разлика на возраста, верата и политичката припадност. Иднината на убаво Кавадарци е во наши раце. Моите очекувања за Кавадарци се огромни, но во сето тоа ќе успеам доколку ја имам вашата поддршка и вашата доверба, посочи тој.
Кандидатот за градоначалник ги повика сограѓаните на 27-ми септември во 20:30 часот да излезат на голем сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
-Да создадеме обострана доверба уште на самиот почеток од новата изборна кампања. Да се запознаете со мојата програма која нуди решавање на клучни проблеми, изградби и реконструкции. Да зачекориме со голема енергија во една нова ера. За убаво кавадарци, Кавадарци на прво место, истакна Јанчев.