„Шилегов ја лаже јавноста дека ќе се гради парк на место кое е заштитено бунарско подрачје. Ова е доказ дека проектите кој се нудат се од ракав извадени.
На местото каде што Шилегов вчера снимаше спот, каде предвидува изградба на парк и рекреативни содржини се наоѓа бунарското заштитено подрачје Нерези, од кое скопјани во летниот период пијат вода.
Имено согласно Решение донесено од град Скопје уште во 1999 година, бунарското подрачје Нерези-Лепенец е прогласено за заштитена зона.
Местото каде што Шилегов го предвидува паркот се наоѓа во 1 заштитна зона од подрачјето и за него важи чл.7 од решението предвидена е забрана за движење на неовластени лица во подрачјето без посебно одобрение, забрането е садење на дрвја со длабоки корени, ѓубрење на садници и изградба на објекти кои не се во функција на експлоатација на бунарите.
Првата заштитна зона заради вршење на контрола на движење,е физички оградена со заштитна жичана мрежа и обезбедувана со постојана чуварска служба 24/7, како и користење на други технички средства за обезбедување.
Пристап во I зона е дозволен само на лица кои се вработени ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и надлежни инспекциски лица. Пристап на други правни или физички лица е можен само со издадено потребно одобрение од страна на Директорот на претпријатието и за истите треба да се води евиденција која содржи лични податоци, временски период и причини за посетата.
На такво подрачје да предвидиш било што, што не е во функција на бунарите за напојување на вода на Скопје преставува огромна лага.
И најмали градежни активности можат значително да влијаат на квалитетот на водата.
Шилегов свесно ги лаже граѓаните.
Недозволиво и несериозно е да се ветуваат работи кои можат да влијаат штетно на здравјето.
Ова покажува со каква несериозност е правена програмата на СДС без соодветна анализа и студија, се нудат работи кои не се возможни и кои ја загрозуваат животната средина и здравјето на луѓето.
Заради ваквата неодговорност и неспособност граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Томи Кепевски.