Саша Богдановиќ-Српче кандидатот на СДС во Центар е познат по неговото неодговорно и расипничко однесување.

Доказ за тоа е овaa фактурa од 23.736 денари, сметка која ја има направено Паркинзи Центар за угостителски услуги.

Сакаме да прашаме што треба да изеде и испие Српче за да направи оволкава голема сметка. Додека некое четиричлено семејство врзува крај со крај со оваа сума на пари, Српче безмилосно ги троши парите на центарци.

Наместо во кафеана Српче може да исплати речиси 2 плати на неговите вработени чија плата им изнесува нешто над 13 илјади и кои независно од временските услови дали било ладно или топло цело време се на улица и макотрпно си го вадат лебот.

Ова дрско и безобразно трошење на парите на центарци мора да сопре. Граѓаните на Центар на ПОЦ му плаќаат од својот џеб за да добијат поквалитетна и подостапна услуга, а не ПОЦ да биде приватна фирма на одредени ликови.

Ако Српче троши вака додека е директор на ПОЦ, може да замислите колку би трошел ако стане градоначалник на Центар.

Центарци сакаат да знаат за што се трошат нивните пари. Центарци заслужуваат одговори на овие прашања. Сите заедно мора да ја запрема оваа појава и тоа ќе го направиме на 15-ти октомври.