ВМРО-ДПМНЕ како партија се одликува со голем број на реализирани проекти, со посебен акцент на проектите кои што ја опфаќаат комуналната инфраструктура, истакна на денешната трибина на Комисијата за градежништво, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, Маријанчо Тодоровски.
-За функционирањето на локалната самоуправа клучен аспект е подобрувањето на транспортната инфраструктура. Во изминатиот период може да се пофалиме со голем напредок на сообраќајната инфраструктура во Скопје. За прв пат по подолго време во Скопје се изградија осум кружни текови што во минатото не беше вообичаено за Градот. Истите се многу функционални сообраќајни решенија кои придонесуваат за намалување на сообраќајниот метеж, вели Тодоровски.
Тој додаде дека се прошириле и пробиле голем број на сообраќајници, а посочи и дека пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е да се има рамномерен развој во сите делови од Градот.
-Градот Скопје покрива 10 општини и при изградбата на нова инфраструктура се води сметка сите општини да бидат подеднакво опфатени, вели Тодоровски.