Со самото проширување на сите булевари во централното градско подрачје и во другите општини дојде до потреба да се смени начинот на управување на тој сообраќај, посочи Синиша Ивановски на денешната трибина во организација на Комисија за градежништво, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред три години градоначалникот на Град Скопје направи една голема и важна инвестиција за сите граѓани, односно имплементациоја на овој центар кој е современ и премногу значаен за Градот.Новината со овој систем е тоа што пред секоја раскрсница пред секој семафор има јамка, односно одбројувач на возила. Согласно состојбите, софтверот кој е еден од најсовремените, си прави сам програма. Според тоа, наутро зеленото светло на семафорите е подолго, и во попладневните часови кога луѓето се враќаат дома. Го воведовме и жолтото трепкачко светло, кое четири пати трепка пред да се запали црвено, вели Ивановски.