Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички.

На промоцијата поканети се кандидатките за градоначалници, носителките на советнички листи, пратениците и генералниот секретар на Собранието, како и претставници на Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика, Македонското женско лоби, Националниот совет за родова рамноправност, меѓународните организации и дипломатските претставништва.