Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ вети реконструкција на старите и дотраени фасади и покриви.

„Фасади кои се распаѓаат, покриви кои прокиснуваат, ова е слика на многу згради овде во најстарата населба Пролет. Но и во другите делови на Центар е слична сликата.

Затоа како градоначалник ќе го продолжам проектот за енергетски ефикасни фасади. Но нема да бидат барокни, како оние на Коце туку енергетско-ефикасни. Досега се реконструирани 11 фасади.Почнуваме токму тука од Пролет и веднаш според критериумите во сите маала.

Енеретски ефикасните објекти користат помалку енергија за затоплување и за ладење.

Со ова сметките за струја ќе бидат помали за една третина. Дополнително, со намалената потрошувачка на струја се чува животната средина

Општина Центар ќе помогне и во реконструирањето на покривите на постарите станбени објекти.

Јас како градоначалник со мојот тим ќе работам на подобрување на квалитетот на животот на сите центарци. За чист, зелен и одржлив Центар“, рече Богдановиќ.