Заеднички проект за изградба на гимназија во општина Аеродром презентираа денеска кандидатите за градоначалници на оваа општина и на Град Скопје Ивица Конески и Коце Трајановски.
– Во една голема и модерна општина каква што е Аеродром гимназија е речиси неопходна, а со тоа ќе се подобри и достапноста на учениците до училиштата и ќе се зголеми квалитетот на воспитно-образовниот процес, рече Коневски.
Додаде дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична веќе осум години и оти дава видливи резултати.
– Очекувам оваа соработка да продолжи и натаму во интерес на жителите на општината. Граѓаните го заслужуваат тоа. Аеродром мора да оди напред, Скопје мора да оди напред, истакна кандидатот за градионачалник на општина Аеродром Конески.