„Политичката партија Беса е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори и има блиска соработка помеѓу овие две идеолошки блиски и меѓусебно координирани партии.

Ова го потврди и премиерот Заев, пратеникот Мухамед Зеќири, медиумите, и анкетираните од самиот терен. Беса, Зеќирија Ибрахими и Билал Касами никогаш не го негираа овој факт.

Обидувајќи се да се ослободи од скандалот со коалицијата на ВМРО, непринципиелните и антиалбански договори, не гласањето на албанскиот претседател на Собранието, не гласањето на реформската влада, поттикнувањето на инцидентот на 27ми април, а потоа и напуштањето на Собранието, сакајќи да го оправдува неуспехот и поразот, Беса и нивните мал број медиумски мегафони клеветат на бескрупулозен и нечовечки начин.

Кандидатите на БЕСА се сликаа на прослава со Јохан Тарчуловски осуден од Хаг за воени злосторства против Албанците, додека Зеќирија Ибрахими и Билал Касами гласаа за верификација на мандатот во Собранието.

Граѓаните со право чекаат одговори и појаснувања за тврдењата на премиерот Заев, Мухамед Зеќири и сите други за антиалбанската коалиција ВМРО-БЕСА“, се вели во соопштението на ДУИ.