„Патологијата во СДС и е веќе позната на јавноста, лагите и манипулациите и ветувањата на ветер и магла ги срозија граѓаните и ја носат државата кон една огромна бездна. Ветерот и маглата се обидоа да и ја продадат на Македонија, но не успеajа, а сега Шилегов се обидува да ја продаде на скопјани.

Шилегов во недостаток на идеи и капацитет ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ветува работи кои се веќе реализирани.

Шилегов ветува подземни контејнери на граѓаните, проект кој е веќе реализиран на повеќе локации од градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Шилегов да излезеше помеѓу граѓаните ќе знаеше дека проектот мој паркинг и зелен регистар е исто така реализиран од Коце Трајановски. Шилегов од програмата на Коце Трајановски го украде и проектот Скопје Вело Град кој е веќе реализиран со голем број на велосипеди кои можат граѓаните да ги изнајмат, а започната е нова јавна набавка за набавка на нови велосипеди.

Шилегов вети и враќање во функција на езерото Треска. Шилегов вети и излажа уште еднаш, езерото Треска е под ингеренција на општината Сарај и градоначалникот на Скопје таму нема никакви ингеренции.

Шилегов сее магла. Шилегов нема ниту еден единствен издржан проект за Скопје.

Затоа ќе биде казнет од граѓаните на 15-ти октомври“, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.