Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов го покани на ТВ дуел противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава по повод потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, од граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух.
Шилегов се обрати до Трајановски и побара да се појави на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје во 16 часот. По ова настана дискусија помеѓу двајцата кандидати која траеше неколку секунди, а потоа и Шилегов си замина од просторијата и Коце Трајановски ја прекина прес конференцијата и си замина.