На вчерашниот митинг во Општина Кривогаштани актуелниот и кандидат за градоначалник за втор мандат од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Тони Заткоски го повика својот против кандидат Рубинчо Шефтероски од редовите на СДСМ на ТВ дуел со можност сами од СДСМ да си изберат медиум и новинари, со цел да се соочат програмите од двете политички партии.

„Денеска немаме никаков повратен одговор од штабот на СДСМ за дуел, господинот Шефтероски бега од соочување со реалноста“ изјави Тони Заткоски.

Актуелниот и кандидат за градоначалник од партијата ВМРО-ДПМНЕ за општина Кривогаштани потенцираше:

„Во изминатиот мандат програмата која што била предвидена е целосно реализирана, а со засилено темпо ќе продолжиме да работиме и во иднина. Единствено нешто што ќе го искоментирам после бегањето од дебата на Господинот Рубинчо Шефтероски е дека пред фактите и боговите молчат“ изјави Тони Заткоски.