Реки народ од цело Скопје се слеја пред владата на Република Македонија, каде вечерва митинг држи ВМРО-ДПМНЕ, од сите страни илјадници граѓани со поддршка за проектите на новата ера.

Масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ од сите краиште на Македонија, автобуси, комбиња и коли полни со активисти и симпатизери на партијата упатени кон главниот град. Патиштата полни со црвено црни знамиња, од што се гледа огромната поддршка од сите краеви на државата за партијата, поддршка од реки народ која се слеваше кон Скопје.

Огромната бројка на народ се спои со активистите, симпатизерите и граѓаните поддрзувачи на партијата од Скопје, сите заедно упатени кон владата ја креваат атмосферата и создаваат впечаток дека ова е еден од најголемите митинзи на партијата до сега.

Дел од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи може да се види каква беше атмосферата кон Скопје, се чини дека просторот пред влада е премал да ги собере дојдените за митингот на најголемата партија во Македонија.