Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на нивните кандидати во Кичево и во Пласница, додавајќи дека кандидатите на ДУИ се во водство и во останатите општини каде што имаат свои кандидати за градоначалници.
Али Ахмети додаде дека нивниот аналитички штаб е во постојан контакт со теренот и оти секоја нова иниформација ќе биде споделена со јавноста.