ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие избори поминале со многу нерегуларности за кои од партијата направиле записници што ќе ги достават до меѓународните претставници во земјава.

– Среќни сме што немаше жртви и повредени. Регистриравме нерегуларности за кои направивме записници и ќе ги доставиме до меѓународните претставници – изјави кратко на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека граѓаните уште еднаш се увериле во тоа какви избори организирал СДСМ.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае изборите, Србов рече дека јавноста подоцна ќе биде известена за тоа.

Тој нагласи дека резултатите сè уште пристигнуваат, но на многу места, како што кажа, ВМРО-ДПМНЕ води убедливо.