Според информации на ВМРО-ДПМНЕ победиле во првиот круг во Илинден, а во Кисела Вода, Гази Баба, Штип и Сопиште се во предност.

Според нивни информации тесна е битката во Аеродром и во Град Скопје.

Од СДСМ пак прогласија победа во Карпош, а водат во Центар, Бутел, Ѓорче Петров, Куманово, Пехчево, Василево, Неготино, Кривогаштани, Струмица, Велес и Битола.