Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партиска прес конференција по завршувањето на изборите изјави дека располагаат со факти, аргументи и докази дека локалните избори се оддржале во нефер и недемократска атмосфера.
Тој исто така истакна и дека во тек на изборната кампања скоро сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ добиле кривични пријави а во текот на гласањето биле забележани и ливчиња од едно гласачко место во кутија од друго гласачко тело.
На новинарско прашање дали ќе понесе одговорност и ќе даде оставка Никола Груевски одговори дека ќе се анализираат изборните резултати и дека во иднина ќе бидат одлучени чекорите кои ќе бидат превземени.