Четири децениско другарување ги поврзува двајцата градоначалници на Охрид-оној во заминување и идниот татко на градот.

Четири децениско другарување ги поврзува двајцата градоначалници на Охрид-оној во заминување и идниот татко на градот.Др Никола Бакрачески и Јован Стојаноски се двајца другари кои училишните клупи ги делеле од најрана возраст па се до гимназиските денови.И не само што потекнуваат од иста генерација, туку живеат во исто маало во Охрид,а и двајцата изградија слична кариера-секој во својата област.Очигледно стекнале и манири, следејќи ги модните трендови, бидејќи и двајцата носеа сличен аутфит.

Утрово Бакрачески,во градоначалничкиот кабинет го пречека неговиот наследник.Со првото утринско кафе,половина час разговарале за она, што највеќе му пречело но и она што во работењето го поттикнувало Бакрачески,а проблемите и предизвиците со кои ќе мора да се соочи неговито наследник, ги споделија со чаша жесток пијалок.

-Во општинската зграда влегов со бел образ и чисти раце,така и излегувам, носејќи ја дури и истата облека-рече Бакрачески. Тој е задоволен што успеал во намалување на општинскиот долг за околу 13 милиони евра,а придонел и за првата сериозна меѓународна промоција на Охрид во светот.

- Апсолутно сум задолен од она што е постигнато, ако се земат во предвид и околностите во кои што работевме, сепак 3 изборни циклуси во овој мандат од 4,5 години и уште политичка криза која што траеше скоро 3 години.Меѓутоа сепак испорачавме голем број, неколку стотици проекти кон охриѓани.-Изјава др.Никола Бакрачески.

Два од капиталните проекти кои ги започна- градскиот пазар и автобуската станица, ќе ги истурка до крај Стојаноски,кој пак се обврза дека ќе го покани,кога ќе ја сече црвената лента.А до тогаш, Стојаноски,ќе ги исполнува своите обрски по приоритет,свесен дека општина Охрид повеќе од една деценија, има најбројна админстрација.

- Скенирањето понатамошно на финансиската, организациската и техничката поставеност на јавните комунални претпријатија и на општинската администрација е приоротет во оваа почетна недела од мандатот, а напоредно ќе се работи на она што и најмногу не очекува нас и мене како градоначалник а тоа изготвување на буџетот за 2018 година.-Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.

За најлутите политички ривали од таборот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ,секогаш било предизвик освојувањето на Охрид посебно кога станува збор за локални избори.И додека проф.др Јован Стојаноски универзитетската катедра ја заменува со градоначалничко стролче,еминентниот Д-р Никола Бакрачески се враќа на својата примарна професија-да лекува срца.

Извор: Тв Алфа