Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски им вети на жителите од Стајковци, Инџиково и околните населби враќање на парите кои ги дале за изградба на фекална канализација.

– Ова го темелиме врз основа на тоа што направивме финансиска анализа за нашите можности за следните четири години и врз основа на фактот дека Советот на општина Гази Баба ќе биде предводен од ВМРО-ДПМНЕ и и коалицијата, рече Трајановски.

Тој најави дека продолжува изградбата на фекалните канализации во Јурумлери, Трубарево, Гоце Делчев, Колонија, Ергеле, Дрма, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци, Булачани и Раштак.