Заев денеска лажеше пред целата македонска јавност. Изборите во неделата беа најнерегуларните избори некогаш спроведени во независна Македонија, со голем број закани и уцени.

Граѓаните беа предмет на уцена на партиските активисти на Заев вдомени во институциите кои успеа со своите закани да исплашат голем број на луѓе, ефектот од тоа е краткотраен и минлив. Заев и неговите партиски активисти треба да знаат дека времето на уцени и закани заврши, македонскиот народ е горд и тој има свое достоинство, граѓаните нема никогаш повторно да дозволат да бидат предмет на уцена.

Констатацијата на Заев дека граѓаните очекуваат работа е точна. Но фактот дека Заев го стопираше секој еден проект е очигледен. Заев за овие пет месеци од своето владеење не само што не започна ниту еден нов проект, туку ги запре проектите во изградба и во тек почнати од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев е најголемиот пример како не треба да се однесува еден премиер. Заев е пример за неработник и расипикуќа, Заев и неговата неодговорна политика ја задолжија државата без основ за само пет месеци неверојатни 360 милиони евра и од државните девизни резерви испумпаа над 180 милиони евра.

Заев е пример за економско фијаско, кон кое ја турка државата.

Заев е најголемата катастрофа која и се има случено на Република Македонија.