„Еве уште еднаш во текот на оваа предизборна кампања, сега заедно со почитуваниот премиер, со нашите коалициони партнери, користиме можност да упатиме повик до нашите граѓани, до сите оние коишто сеуште се колебаат или на некој начин размислуваат за кого да го дадат својот глас, бидејќи е прекршена работата на ниво на Република Македонија.
Не ги делиме луѓето и даваме шанса секој да се определи онака како што мисли. Ние инсистираме и сме убедени дека само со промена на политиките и на локално ниво можеме да обезбедиме просперитет, развој, транспарентна локална самоуправа која што ќе биде во интерес на граѓаните и која што ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните на општина Кавадарци.
Подавам рака на секој, спремен сум да влезам во битка со сите оние проблеми коишто актуелното раководство на локалната самоуправа ќе ни ги остави и токму од тој аспект мислам дека е многу важно на 29ти граѓаните да бидат на вистинската страна.
Тоа што го почнавме како тренд, позитивен, како еден победнички бран што се случи во Република Македонија редно е да го завршиме со една голема победа и на 29ти октомври гласајќи за редниот број 19. Јас сум убеден во победа, а ги убедувам и сите мои сограѓани дека тоа што го говоревме во текот на кампањата, тоа и ќе го реализираме. Чесно, транспарентно, сѐ во интерес на граѓаните на Кавадарци. Тоа го давам како збор и ви ветувам дека тоа така и ќе биде во текот на мојот четиригодишен мандатен период во водењето на општината.