Kандидатот за градоначалник на СДС за Кисела Вода Филип Темелковски нема ниту еден конкретен проект, ниту една конкретна мерка во неговата програма која ќе го подобри животот на граѓаните во општина Кисела Вода.
Крајно лицемерно е Зоран Заев на граѓаните на општина Кисела Вода да им ветува дека главен императив на централно и на локално ниво ќе им биде транспарантноста и отчетноста,а во изминатите 5 месеци да потроши над 520 милиони евра народни пари и никој да не знае каде и за што се потрошени истите.
Тотална невистина и манипулација е констатацијата на Зоран Заев дека основна цел на централната и локалната власт предводена од СДС е отворање на нови работни места, а во изминатите месеци во Република Македонија да имаме нула нови странски директни инвестици, а со тоа и нула нови отворени работни места.
Заев без нималку срам пред граѓаните на Кисела Вода зборуваше за повеќе пари за граѓаните и намалување на вкупните животни трошоци кои семејствата ги имаат, а од друга страна да имаме пад на сите макроекономски параметри во државата и инфлацијата во месец август има раст на 1,9 проценти, што значи дека трошоците за основните потреби за храна наместо да се намалат, сега граѓаните ги чинат повеќе пари.
Зоран Заев и СДС ветуваа повеќе пари и инвестиции во спортот, проекти за младите, но во изминатите 5 месеци откако СДС ниту еден млад човек не се вработи преку измислениот проект за младинска гранција,со кој се ветуваше финансиска подршка за вработување на млади луѓе веднаш по завршување на образованието.
На лагите на СДС и Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Филип Темелковски, граѓаните на општина Кисела Вода ќе им стават крај.
Граѓаните на 29-ти Октомври,својот глас ќе го дадат за конкретна програма, за релани проекти, за дела, за чесни и одговорни луѓе, а не за неисполнети ветувања, за безочни лаги и несовесни политичари.