Општинската изборна комисија од Гевгелија денеска им ги врачи уверенијата на новиот градоначалник Сашо Поцков од СДСМ и коалицијата и на новоизбраните општински советници.
Советот на општина Гевгелија кој брои 19 члена во новиот состав ќе го сочинуваат 10 советници од СДСМ и коалицијата, седум советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и двајца членови од независна советничка листа.
– Тоа што им го ветивме на граѓаните на општина Гевгелија, Живот за сите, ќе го исполниме. Мислам дека ќе имаме успешна соработка во интерес на нашите граѓани. Општината ќе биде отворена за сите и се надевам на добар и плоден четиригодишен мандат, изјави Поцков.