Претседателот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово Биљал Касами денеска ја обвини градоначалничката на Тетово, Теута Арифи дека за време на нејзиниот четиригодишен мандат се евидентирани огромни трошоци во општината.

– Иако е во последните денови од нејзиниот мандат на чело на општината Тетово, градоначалничката во заминување Теута Арифи продолжува да го прави тоа што умее најдобро: да го троши буџетот на општината за индивидуи кои и вршат лични услуги нејзе, користејќи ја буџетската линија за договори на дело, истакнува Касими.

Во овој период од нејзиното неуспешно четиригодишно владеење, како што вели, се евидентирани огромни трошоци за лични и за потреби на нејзиниот тим, како и за вработувања на договор на дело, главно партиски членови и групи на интерес.

– Според информаците сега веќе објавени од организации кои ја мониторираат општината, 113.6 милиони денари се потрошени за договори на дело (1 милион и 830 илиади евра), додека освоена од паниката за пораз на изборите доаѓаат информаци дека таа потпишува десетици такви договори за услуги на дело за овој петмесечен период, а во суштина се услуги кои и се нудат само нејзе, а не на граѓаните на општината, вели Касими.