Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба Тони Трајковски денеска најави дека и во наредните четири години ќе продолжи со подобрување на условите за живеење во населбата Ченто.
– Ќе се изгради ОУ „Крсте Мисирков“, ќе се изврши комплетна санација на спортските терени, реконструкција на спортската сала, комплетна реконструкција на културниот дом за да се обезбедат подобри услови за организација на разни манифестации, рече Трајковски.
Тој најави реконструкција на сите улици во Ченто, реконструкција на фекалните и атмосферски канализации, посебно на делот од населбата Камник и Јане Сандански и на улицата „Палмиро Тољати“, како и изградба на пешачки и велосипедски патеки.
Трајковски нагласи дека ќе се продолжи со изградба на зелени површини пред секоја колективна зграда, а вети решавање на проблемот со паркирањето и поддршка за младите со посебен акцент на Ресурсниот центар на млади.