Во скопската општина Чаир приведени се две лица на возраст од 46 и 24 години поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање.
Случајот во полиција бил пријавен околу 16 часот при што било кажано дека на улицата Максут Садик од страна на непознато лице се врши поткуп.