Во Големата сала на Општина Охрид денеска се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на општината, на која беа потврдени мандатите на 23 членови во телото.
На Локалните избори одржани на 15 октомври граѓаните на Охрид решија нивните интереси наредните четири години да ги застапуваат 11 советници од Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, десет советници од редовите на Колаицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и двајца советници од редовите на коалицијата предводена од ДУИ.
Координаторите на советничките групи соопштија дека се уште се во тек преговорите околу назначувањето на идниот претседател на Советот.