Јане Миланов од советничката група на СДСМ е новиот претседател на Советот на Општина Штип. На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Штип беше избран со 12 гласа за од советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, додека 11-те советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа воздржано. Новиот претседател на Советот на Општина Штип, Миланов вети транспарентно работење и носење одлуки во интерес на граѓаните.
– Оваа функција ја прифаќам како огромна доверба и чест. Меѓутоа уште поголема е одговорноста и обврската која се поставува пред мене како претседател на Советот и пред самиот Совет избран од граѓаните за да ги решаваме нивните проблеми, вели Миланов.
Конститутивната седница прв ја водеше највозрасниот советник, а тоа е 74-годишниот Иван Бојаџиски, пезниониран новинар.
Инаку доцна попладнево се изврши и примопредавање на функцијата претседател на Советот на Општина Штип. Поранешниот претседател, Влатко Миташев му ја предаде оваа функција на својот поранешен колега Јане Миланов.