Советот на општина Бутел денеска одржа конститутивна седница, на која се верификувани мандатите на советниците.
Како што информираат од општината, за претседател на Советот на општина Бутел ќе се одлучува на наредната седница, бидејќи на денешната, до кандидациската комисија не бил доставен ниту еден предлог.