Новиот состав на Советот на општина Виница денеска одржа конститутивна седница на која беше верификуван мандатот на новите 15 советници, а за претседавач на Советот беше избран Тони Велков од редовите на СДСМ и коалицијата.

Заблагодарувајки се за довербата Велков ја посочи отвореноста за соработка со останатите членови на советот и со градоначалникот Ивица Димитров, се во интерес на граѓаните на општина Виница.

Новиот состав на Советот го сочинуваат осум членови од редовите на СДСМ и коалицијата, додека останатите седум членови се од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

На првата седница во овој состав беа формирани постојаните комисии како тела на Советот.