Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски коментирајќи ја прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека јавноста увиде како изгледа исплашен човек поради очигледните криминали на власта кои секојдневно излегуваат на површина.
- Денес видовме како изгледа исплашен човек, човек соочен со поразот, а после поразот следува и одговорност за него и неговиот тим за сите злодела и потенцијални кривични дела кои што се сторени.
Една работа е сигурна, Зоран Заев паѓа како што паѓаат и неговите лаги.
Денес Зоран Заев требаше да одговори каква релација има со неговиот директор Ден Дончев, во однос на очигледниот рекет кој што го виде целокупната македонска јавност?
Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера?
Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?
Каква е улогата на адвокатот на Зоран Заев кој што го слушнавме денес во разговорите? За него многу се слушаше, денес еве добиваме и потврда.
Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив.
Се сеќаваме како пред неколку години правеше сцени и театри со објавување на разговори за каква боја на плочки некој имал во сопствениот стан, ама деновиве кога гледаме разговори и видеа како некој си става пари во торба, и како се разговара за баснословни суми на пари, за одговорност не зборува. Многу едноставно затоа што одговорноста завршува кај него, истакна Николоски на денешната прес-конференција.