Со реакција на прес-конференцијата на Претседателот на СДСМ Зоран Заев излезе и Александар Николоски и истакна дека лагите на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните.

- Што се однесува до неговите ветувања исто како што лажеше за 500 евра плата, и исто така лаже и за 500 километри автопати кои што никој не може да ги види затоа што едноставно ги нема. А, по македонските патишта кои што се најлоши во целиот регион секојдневно за жал се губат животи. Лажеше и за носењето на живот во Македонија, за жицата, за името и за бетон идентитетот, сега лаже и за овие избори.

Денес дознавме дека и ДУИ му пречи, иако 3 години братски владее со нив и направи коалиција во последен момент. Заеднички тогаш се договорија и ја нарече братска коалиција, а после три години пу пу не важи. Ама во овој период заеднички и братски воведоа двојазичност во Македонија, го променија името и ја продадоа историјата, се со цел да можат да владеат и да си го покриваат криминалот кој што почна да излегува затоа што криење на криминал нема.

Народот не е со кратко паметење, и народот ќе го казни СДСМ на овие избори жестоко. Многу пожестоко од тоа што тие мислат и се надеваат во овој момент затоа што расположението на луѓето е јасно, имаме наместо план за живот, план за измами, кражби, корупција.

Она што ни треба во овој момент е обнова, а обновата ќе дојде и ќе победи. Следува програма со над илјада проекти и со најсилен фокус во економијата која што ќе даде одговори на клучните прашања. На народот му треба подобар живот, повеќе пари за подобар живот, му треба правна држава, му треба функционален систем на владеење на правото, му треба подобро здравство, и пред се ред. Ние тоа ќе го постигнеме и оствариме заедно со граѓаните по победата на изборите, истакна Николоски.