Овие избори од СДСМ и Зоран Заев јавноста нема да види програма туку бомби! На овие избори битката на Заев ќе биде со страв и со лаги! Извршителите не ги знае, но инспираторите да!

Почитувани,

Зад мене е објектот, зад мене е инспирацијата за бомбашкиот напад врз семејниот објект на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Бомбашки напад врз функционер на опозицијата! Тоа е вистинското лице на забеганиот СДСМ.

Тоа е чисто политичко насилство, мерки од најнедемократски режими.

Насилството кое што се демонстрира е инспирирано и поттикнато од забеганиот СДСМ, од нивната насилничка реторика

Насилство кое што не враќа во мрачното време 90-тите, на транзицијата!

Насилството, бомбашкиот напад на семеен објект на потпретседател на опозицијата, директно поттикнат од неказнивоста на функционерите на забеганиот СДСМ.

За нив не важат законите, за нив важи само криминалот, насилството и сеењето на омраза.

Одговорноста за бомбашкиот напад е во СДСМ, тука зад мене! И тука треба да се бараат инспираторите за нападот, кој што за среќа мина без жртви.

Свесни за поразот, тонат во целосна забеганост, немоќ и страв, затоа атакуваат, напаѓаат врз првите луѓе на опозицијата.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ