Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, поради. како што вели, „насобраниот бес кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и корумпираноста на власта“.
– Ќе имам најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имам лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ. Тоа е така, бидејќи ништо не е направено во четвртата изборна единица и имаме еден тон нереализирани ветувања, рече Николоски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за рекет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „рекет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на рекетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.
Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со корумпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле аферите со корупцијата.
- Еве ќе прашам кога Заев последен пат бил поканет на билатерална средба со некој премиер или претседател на поголемите Европски држави. Не зборувам за мултилатерални состаноци каде што мора да биде присутен. Зборувам за билатерални. Од кога изглегоа корупциските и корумпираните афери, Зоран Заев нема ниту една билатерална средба. Бидејќи европските лидери не сакаат да седат на иста маса со корумпирани политичари. И затоа Македонија на чело со оваа власт нема да добие датум за преговори.Не им треба корумпирана држава во Европската Унија, истакна Николоски.