Прв пат во историјата на Република Македонија гледаме на видео како политичар зема пари и ги става во ташна. Денеска Заев се обидува да го брани, како тоа да е најнормална работа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во дебата на емисијата Само вистина на Канал 5.
- Дончев е земјак со Заев, мислам дека се и роднини. Јасно е зошто е избран да биде на чело на Фондот на здравство. Постојано има рекет и изнуди, некој се охрабруваат сега да зборуваат, некои ќе се охрабрат по избори. За првпат видовме политичар кој зема пари и си ги става во ташната и влакно не му фали. Заев уште и го брани и се обидува да го спаси, рече Николоски на дуелот со Шекеринска.
Македонските граѓани веќе подолг период се сведоци на еклатантни примери на корупција, потенцираше Николоски.
-Не само во овој разговор, видовме и во изминатиот период што се случувало на пример во судскиот процес за Рекет гледаме дека само ситните риби настрадаа, затоа што слушнавме дека парите од торбата се кај Зоран И Вице Заеви, но обвинителот нема храброст да ги повика барем на информативен разговор. Или на пример видовме министерот Наќе Чулев кој што се споменува дека сработил кривична пријава и ја поднел до обвинителството за рекет од 250.000 евра во РЕК Битола на актуелниот директор на ЕЛЕМ, истата се чува од обвинителството во фиока. Ние секој ден гледам еклатантен пример за рекет, слушаме ако одреден адвокат барал 6 милиони евра за одредено лице да излезе од притвор во координација со врвот и претпоставувам повторно со Зоран Заев и никој со прст не мрда да види каде е случајот, додаде Николоски.